ПАЛЕЊЕТО Е ПРОВОКАЦИЈА ВО РАМКИ НА МАСОВНАТА АНТИБУГАРСКА КАМПАЊА: Потпретседателката Јотова со остра реакција
Палењето на
Центарот за култура „Иван Михајлов“ во Битола е уште една провокација и дел од
масовната антибугарска кампања, која започна веднаш по отворањето на клубот.
Ова на Фејсбук го напиша потпретседателката Илијана Јотова.
„Уште на неговото отворање, пред еден месец, во кое учествуваше голема бугарска делегација, рековме дека единствена функција е да ја зачува бугарската култура и идентитет кај Бугарите во северна Македонија. Откријте ги сторителите, тие ќе докажат дека кај нашиот западен сосед се почитуваат правата на Бугарите, како и на сите други националности“, додаде Јотова во нејзината објава на Фејсбук.
Слично
