Пале изјави дека не се чувствува виновна за убиството на својот партнер и дека се бранела
„Не се чувствувам виновна“, изјави велешанката Пале Илоска за убиството на нејзиниот партнер. Таа објасни дека само се бранела.
Утрово, во Основниот суд Велес започна судењето на 23-годишната жена обвинета за кривичното делово „убиство на миг“. Во септември лани кога партнерот кој инаку бил полицаец ја нападнал и тепал Илоска, таа се обидела да се одбрани и со нож го пробола, по што тој починал. Иако Обвинителството ја товари Илоска за „убиство на миг“, нејзината одбрана нагласува дека таа го убила својот партнер во самоодбрана. Илоска не е осудувана во минатото и повеќе години трпела семејно насилство од партнерот.
Хелсиншкиот комитет реагираше на обвинението и смета дека Илоска треба да се товари за кривично дело направено во самоодбрана, а не за убиство на миг кое пропишува затворска казна од една до пет години.
