Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПАЛЧО ОСТРАНЕТ ОД СУДНИЦА - адвокатот на Кешишев тврди „во негово присуство нема да ја зборува вистината“

ПАЛЧО ОСТРАНЕТ ОД СУДНИЦА - адвокатот на Кешишев тврди „во негово присуство нема да ја зборува вистината“

Судот одлучи да го одалечи од судница Љупчо Палевски - Палчо, првообвинет за двојното убиство, додека исказ дава обвинетиот Влатко Кешишев. Оваа одлука ја донесе судот донесе на барање на адвокатот на Кешишев, Игор Евремов.  

- Љупчо Палевски да се отстрани од судницата додека Кешишев дава исказ, бидејќи во негово присуство нема да ја зборува вистината, односно во досегашната постапка со дадената изјава на 20.11.2024 година, а која што потоа истиот ја негираше на 25.11.2024 година во која истиот рече дека од страна на сообвинетиот Палевски му била дадена да ја препише, потпише и достави како своја. Сметам дека со ова е извршено влијание врз давањето на изјава на обвинетиот Кешишев и оттука е оправдан стравот на одбраната дека истиот нема да ја зборува вистината на денешната расправа - рече адвокат на Кешишев. 

Иако адвокатот на Палевски се спротивстави на ваквото барање, и посочи дека со ова се прават непотребни драми и сцени, додавајќи дека Кешишев може да ја каже искрено виситината. 

Воедно тој укажа дека со ова му се оневозможува правото на Палевски да го следи исказот и да поставува прашање. 

Судот донесе решение, Љупчо Палевски привремено да се оддали од судницата, рече судијата Стефановски,бидејќи постојат околности дека Влатко Кешишев во негова близина нема да ја зборува вистината.  

Откако судот донесе одлука, бранителот Страшевски рече дека „стравот само на збор кажан, а не докажан од доктор или вешто лице е само една приказна која за жал судот ја прифати и не дозволиво е ваква одлука да биде донесена“.  

- Како бранител на Палевски не можам да учествувам во ваква драма и хајка и сега ќе ја напуштам судницата. Ова е само сцена пред јавноста – рече Страшевски. 

Предложи и да се повика вешто лице да утврди дека има страв од Палевск,и а нема да има страв кога ќе му поставува прашања. Страшевски побара веднаш да се прекине постапката и веднаш да се викне вештото лице. Ваквиот предлог судот не го прифати.  Рочиштето продолжува со давање исказ на обвинетиот Кешишев.

Слично

Поврзани вести