Економија, финансии, бизнис

Контакт

Палчо доби кривична пријава од полицијата за користење прислушкувани разговори

Палчо доби кривична пријава од полицијата за користење прислушкувани разговори

Љупчо Палевски - Палчо доби кривична пријава од прилепската полиција за илегално користење на прислушкувани материјали.

Основното јавно обвинителство Прилеп ќе одлучува што понатаму со неовластеното прислушување и тонско снимање против еден од водачите на „Бојкотирам“ и уште три лица. 

Тие на 4 април во Прилеп на звучници пуштале аудиоснимки од нелегално прислушувани разговори, соопшти МВР.

„Одлично, сум попил кривична пријава по Кривичниот законик, а не по законот подоцна донесен конкретно за бомбите. Легитимно без разлика што е погрешно, на суд ќе се разбереме“, искоментира кратко Палевски на својот профил на „Фејсбук“.

Останатите лица се Г.Н. (49) од Прилеп, Т.М. (44) од Битола и Г.Т. (51) од Прилеп.

Од МВР велат дека наредниот ден четворицата биле задржани во полициската станица во Прилеп, а биле извршени и претреси во нивните домови.

Одземените биле нивните мобилни телефони, мемориски картички, УСБ стикови и друга електронска и компјутерска опрема и биле доставени за вештачење во МВР.


Слично

Поврзани вести