Економија, финансии, бизнис

Контакт

Палатата на Зевс од 16,5 милиони евра ќе може да се користи со Законот за дивоградби

Палатата на Зевс од 16,5 милиони евра ќе може да се користи со Законот за дивоградби

Со законот за легализација на 50.000 дивоградби, кој во меѓувреме бепе повлечен од Собранието, би можело да ја направи функционална таканаречената „Палата на Зевс“ од проектот „Скопје 2014“ која чинеше 16,5 милиони евра а во која АД ЕСМ се уште не е вселена.

Оваа зграда од „Скопје 2014“ е е еден вид на дивоградба и не е пуштена во употреба поради бројните промени во конструкцијата во однос на првичниот план.

Од Министерството за транспорт и врски за БИРН потврдуваат дека со законското решение, за кое во меѓувреме повторно ќе се дебатира, овој објект може да добие правен статус.

АД ЕСМ поради ова два пати бил одбиен од министерството и три години чека таму да всели околу 200 вработени.

Слично

Поврзани вести