Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пакетот закони за Бехтел и Енка од денеска на пленарна седница, власта и опозицијата ќе ги вкрстуваат копјата

Пакетот закони за Бехтел и Енка од денеска на пленарна седница, власта и опозицијата ќе ги вкрстуваат копјата

За пакетот закони за изградба на коридорите 8 и 10д од страна на компанијата Бехтел и Енка, кои во меѓувреме добија европско знаменце, од денеска ќе се расправа на пленарна седница во Собранието, откако актите по скратена постапка ги поминаа комисиските филтри.

За денеска напладне е закажана седница во главната сала за петте законски измени за работни односи, за градење, за експропријација, како и за самиот специјален закон за Бехтел и Енка преку кој треба операторот кој ќе ги гради четирите автопати да се ослободи од оданочување.

Групата од пет закони се разгледуваат по скратена постапка, со назнака„ европско знаменце„што овозможува побрзо да бидат донесени и да ја озаконат договорената изградба на коридорите 8 и 10д со компанијата Бехтел и Енка.

Од опозицијата се со став дека власта со ова брзање предводи фронт против ЕУ со озаконување на криминалот и злоупотреба на европското знаменце, а од власта пак аргументираат дека со побрзото донесување ќе се заштеди време и пари за изградбата.


Слично

Поврзани вести