Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пакет-проширувања денеска наместо препорака за Северна Македонија

Пакет-проширувања денеска наместо препорака за Северна Македонија

Јоханес Хан, еврокомесарот за проширување на ЕУ, денес ќе ги претстави пакет-проширувањата, односно заедничките и генералните краткорочни и долгорочни препораки за сите земји од Западен Бакан - Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, БИХ и Косово.

Иако беа најавувани посебни извештаи за сите земји одделно на денешниот датум, агендата се промени во меѓувреме и тие се одложени за наредниот период. Според тоа, денеска нема да биде објавена препораката за Северна Македонија и Албанија да добијат датум за преговори од страна на ЕУ.

"Ние ќе ги презентираме нашите годишен извештај за две недели, кој дефинитивно ќе препорача отворање на преговори за двете земји (Северна Македонија и Албанија)". Двете земји ги исполнуваат условите“, рече претходно Хан. За евентуалното доделување на датум рече дека се зависи од земјите членки на ЕУ, односно дали тие ќе се придржуваат до препораките на Европската комисија.

Албанија ја очекува првата препорака за отпочнување на преговорите, додека за Македонија ќе биде десетта по ред и прва од спроведувањето на Преспанскиот договор.


Слично

Поврзани вести