ПАК НЕМА ДА РАБОТИ СИСТЕМОТ ЗА ЛИЧНИ ДОКУМЕНТИ: Еве кога да одите во МВР
Повторно нема да работи системот за прием и издавање на лични карти, пасоши и возачки дозволи. Министерството за внатрешни работи соопшти попладнево дека поради миграција во нов систем, од 23 јуни (среда) започнувајќи од 21 часот, заклучно со 27 јуни година (недела-до 21 часот) системот нема да е во функција.
„Од тие причини се известуваат граѓаните кои имаат закажано термин за аплицирање за личен документ во ИТНА постапка во деновите 23, 24 и 25 јуни 2021 година, да дојдат во просториите на Министерството каде што имаат закажан термин за личен документ на 22 јуни во текот на целиот работен ден или на 23 јуни до 12 часот. Граѓаните кои имаат закажан термин за 23, 24 и 25 јуни 2021 година, во РЕДОВНА постапка, правото за поднесување на барање за личен документ, ќе можат да го остварат во било кој термин на исто место каде што имаат закажано во периодот од 28. 06. 2021 година заклучно со 02. 07. 2021 година, стои во соопштението.
Од МВР информираат и дека готовите лични документи треба да ги подигаат до 23 јуни до крајот на работното време, бидејќи на 24 и 25 јуни нема да биде овозможено издавање.
Слично
