ПАК ЌЕ БИДЕ ГЛАСНО, АМА БАРЕМ ЌЕ ЗНАЕМЕ КОЛКУ: Поставени се сите 30 уреди за мерење бучава во Центар
Градоначалникот на општина Центар, преку социјалните мрежи информираше дека сеп оставени сите 30 најавени уреди за мерење на бучава во општина Центар.
„Поставени се сите 30 уреди за мерење бучава во Центар.
Ги покривме најфреквентните локации низ општината, а врз основа на овие мерења нашите инспекциски служби вршат редовни контроли на терен.
Овие уреди не препознаваат гласови – се мери амбиенталната бучава во децибели и фреквенцијата на звукот, со цел побрза и поефикасна реакција на инспекцијата.
Податоците служат како показател за дополнителна проверка, а санкции се изрекуваат исклучиво по официјални мерења од акредитирана лабораторија, согласно закон.
Фокусот е ставен на бучавата од угостителските објекти и сообраќајот, затоа што јавниот мир и квалитетот на живот на центарци се наш приоритет“, напиша тој.
Слично
