Пајак ќе ги „демне“ Кавадарчани-Јанчев побара, Скопје му прати
Пајак возило ќе ги крева неправилно паркираните возила во општината која ја управува Митко Јанчев.
Градоначалникот на социјалните мрежи се пофали со подарокот од Шилегов а истото ќе ќе биде во сопственост на новоформираното Јавно претпријатие за паркинзи при Општина Кавадарци.
„Според проектот кој официјално ќе биде промовиран деновиве граѓаните ќе мораат да ги почитуваат прописите и правилата за паркирање на главните улици во Кавадрци.
Официјалната промоција на проектот „Зонско паркирање“ и Пајак служба ќе се случи деновиве“ , напиша градоначалникот.
Под неговиот пост дузина коментари од кои повеќето се негативни.
Пајак возилото е донација од Град Скопје и ЈП „Градски паркинг“ а ваков подарок наскоро би требало да добијат и Струмица и Тетово.
