Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ПАЈАЦИ“, КАЗНИ, САНКЦИИ: И повторно куп сообраќајки во Скопје

„ПАЈАЦИ“, КАЗНИ, САНКЦИИ: И повторно куп сообраќајки во Скопје

13 собраќајни незгоди вчера регистрирале од МВР на територија на град Скопје од кои една е со фатални последици.

Млад човечки живот згасна кога возило излетало од патот кај Катланово, додека од останатите сообраќајки билансот две лица се здобиле со тешки телесни повреди и шест со лесни телесни повреди. 

МВР санкционирала 64 лица возачи поради управување на возило со брзина поголема од дозволената додека од сообраќај се исклучени 25 возачи.

15 од нив управувале возило без возачка дозвола, тројца биле возачи почетници и седумина возеле под дејство на алкохол.

„Тројца возачи се санкционирани бидејќи поминале крстосница на црвено светло, тројца не дале првенство на минувивање на пешаци, еден возач затоа што неправилно престигнувал и еден возач некористел заштитен шлем. Покрај ова, 16 возила се исклучени од сообраќај бидејќи 15 од нив биле нерегистрирани, а едно било технички неисправно“, соопштија од МВР. 

Санкции имало и за пешаци кој поминал на коловоз надвор од пешачки премин, додека пајкот кренал 79 возила вчера.

Слично

Поврзани вести