Паѓа снег, забрана за камиони
Снежни врнежи има на повисоките места, и тие доведуваат до отежнување на сообраќајот. Автомото Сојузот на Македонија информираше дека од 16.25 часот е воведена забрана за сообраќај за камиони на патниот правец Гостивар-Маврово.
Поради интензивни врнежи од снег на планинскиот превој Буково во 16:15 часот воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила. Од 17:00 часот воведена е забрана на патниот правец Гостивар- Кичево преку планинскиот премин Стража. На патниот правец Струга - г.п. Ќафасан (до с.Франгово) поради оштетување на коловозот брзината е ограничена на 40 km/h и воведена е забрана за тешки товарни возила.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. На повисоките места во западниот дел од државата има остатоци од кашест снег, по интервенција на екипите на ЈП Македонија Пат. Слаби врнежи од снег има на Попова Шапка, и на планинските премини Буково и Ѓавато.
И вчера имаше забрана за камиони.
