Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПАЃА СНЕГ: Возачи еве каде има голомразица и треба да се внимава

ПАЃА СНЕГ: Возачи еве каде има голомразица и треба да се внимава

Возачите треба да внимаваат на неколку патни правци во земјава. 

На повисоките планинските премини Стража, Плетвар и Ѓавато сообраќајот е отежнат и препорачуваме исклучителна внимателност, поради појава на голомразица,  информираат од АМСМ.

На патнитe правци Гостивар – планински премин Стаража – Кичево и обратно и крак Маврово – Дебар и обратно, поради обилни врнежи од снег и негово задржување на коловозот, воведена е забрана за движење на тешки товарни возила.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни  коловози, наместа со остатоци од снег на коловозот. Снег со среден интензитет паѓа речиси низ целата територија на државата.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Слично

Поврзани вести