Паѓа снег во Дебарско
Снег паѓа во Дебарско, поради што се препорачува внимателно возење.
Надлежните сепак препорачуваат внимателно возење поради влажни коловози и појава на одрони, особено на делницата Дебар-Жировница и патот Мелнички Мост-Центар Жупа. Сообраќајот се одвива непречено, но по влажни коловози, а има и појава на помали, но чести одрони од камен и земја.
„Нашите екипи се постојано на терен, во расчистување, а имаме доволно абразивен материјал, сол и песок и нема никаков проблем. Сепак, препорачуваме внимателно возење и строго почитување на сообраќајната сигнализација, како поради влажниот коловоз, така и поради можноста од појава на одрони“, апелираат од дебарската секција на „Македонија пат“.
Слаби врнежи од снег има и во други делови на Македонија. Деновиве има и пад на температурите во земјава.
