Паѓа снег на повеќе патни правци во Македонија
Снег паѓа на повеќе локации и на повеќе патни правци во Македонија.
Од АМСМ соопштија дека врнежи од снег со слаб интензитет има во Маврово, Крушево и на планинските превои Стража и Плетвар.
Сообраќајот на патниот правец Струмица – Мокрино – Смолари кај Мокрински извори е во прекин поради нанос на коловозот и поплава. Екипите на ЈП Македонија пат работат на расчистување на коловозот и нормализирање на сообраќајот.
Во земјава веќе има дебела снежна покривка на Попова Шапка, Маврово, Пожаране.
Слично
