ПАЃА СНЕГ: На два патни правци забрана за камиони
Во 16.30 чaсот на патниот правец крак Маврово – Дебар воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила.
Во 17.50 часот воведена е забрана за сообраќај за камиони на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози,додека во Маврово и на планинските превои Стража и Ѓавато има остатоци од кашест снег по интервенција на нашите дежурни служби.
Врнежи од снег има на планинските превои Стража, Ѓавато и во Маврово.
На ден 12.03.2019 ќе се започне со изведување на градежни активности (поставување сообраќајна сигнализација и осветлување) на патен правец Велес - Катланово пред и во тунелот, во времетраење од 10 дена.
АМСМ информира дека автопатот Миладиновци – Штип, секција Миладиновци – Кадрифаково и Кадрифаково – Миладиновци не е пуштен за сообраќај. Во моментов на автопатот се вршат проверки од безбедносен карактер. Од АМСМ апелираат до сите возачи да не го користат автопатот.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони.
Патниот правец Р2332 Охрид-Ресен, преку националниот парк Галичица (врска со Р1307 Царина - врска со А3 и Р1301 - Трпејца), од 15.11.2018 до 01.04.2019 е затворен за сообраќај за сите видови возила.
