ПАЃА НАТАЛИТЕТОТ: Се празни Битола, но и помалите општини
Паѓа наталитетот во Македонија од квартал во квартал.
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во второто тримесечје од 2018 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 6.3% и изнесува 5 160 живородени деца.
Бројот на умрените лица во второто тримесечје од 2018 година бележи зголемување од 1.1% во споредба со истото тримесечје од 2017 година и изнесува 4 683 лицa, а од нив 17 се умрени доенчиња.
Природниот прираст изнесува 477, што значи, за толку лица бројот на живородените деца е поголем од бројот на умрените лица.
Голем пад има во Битола каде се родиле 189 деца, а починале 283 луѓе.
Во Велес се родиле 110, а починале 131 лице.
Родени се 85 деца во Кавадарци, а починале 109 луѓе.
126 деца се родени во Охрид, а починале 141 жител.
Во Прилеп се родени 174 деца, а починале 221 жител.
Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е намален за 1.4% во споредба со истиот период од 2017 година и изнесува 3 413 бракови. Разведените бракови во ова тримесечје бележат намалување од 19.4% во споредба со истиот период од 2017 година и изнесува 394 разведени бракови.
