Паѓа интересот за изградба на нови објекти?
Речиси за 50% се намалил одобренија за градба кои се дадени во месец септември годинава, споредени со истиот месец лани. Како што објави Државниот завод за статистика, во септемри се издадени 121 одобрение. Од нив, 81 се наменети за објекти од високоградба, девет за нискоградба и 31 за реконструкции.
Притоа од 121 објект, кај 88 како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 33 објекти инвеститори се деловни субјекти.
Според ДЗС предвидена е изградба на 502 стана со вкупна корисна површина од 42 992 метри квадратни.
Предвидената вредност на објектите е 5,059 милијарди денари.
Слично
