Паѓа цената на нафтата
Продолжува намалувањето на цената на нафтата.
Американската сурова нафта ВТИ (WTI) за испорака во мај се тргуваше за пониска цена од 19 центи или 0,3 проценти на 61,27 долари за барел. Цената на северноморската сурова нафта Брент за испорака во мај поевтини за 12 центи, или 0,2 проценти, и барел се тргуваше за 64,41 долар. Минатата недела цената на нафтата ВТИ имаше пад од 6,4 отсто, а Брент за 6,8 проценти. Тоа е најголем пад за една недела од октомври лани, поттикнат од пад во четвртокот, кога цената на американската нафта се намали за за 7,1 проценти, а северноморската за 6,9 отсто.
Слично
