Економија, финансии, бизнис

Контакт

Паѓа бројот на новозаразени од ковид, најава за ново олабавување на мерките но, од кога?

Паѓа бројот на новозаразени од ковид, најава за ново олабавување на мерките но, од кога?

Од следната недела е можно олабавување на рестриктивните мерки, ако продолжи да паѓа бројот на заразени од ковид.

Епидемијата полека стивнува, во ек е имунизација на населението а надлежните апелираат граѓаните да се пријавуваат за вакцинација.

Вчера, половина од закажаните за примања на вакцина не се појавиле воопшто на вакцинација.

Податоците од последната статистика на министерството за здравство во земјава бележат 24 лица починати од коронавирус а се регистрирани 323 нови случаи на инфекција.

Новиот број на лица заразени со kovid е потврден со 2.928 тестови во претходните 24 часа, а 11,03 проценти од испитаниците биле позитивни.

Досега, 5.016 луѓе починаа од коронавирус во Македонија, дијагностицирани се 153.137, а активни се 12.754.

Институтот за јавно здравје регистрираше дека се опоравиле уште 714 пациенти, така што вкупниот број на излекувани пациенти се зголеми на 135.367.


Слично

Поврзани вести