Паднато дрво оштети три возила во Кисела Вода
Паднато дрво оштети три возила во Кисела Вода.
Од Центарот за управување со кризи информираат дека денеска околу 15:30 часот, преку единствениот број за итни повици 112, добиена е пријава за паднато дрво на улицата „Вера Јоциќ“ во Општина Кисела Вода, во непосредна близина на средното економско училиште „Васил Антевски – Дрен“.
„Според првичните информации, дрвото го попречува сообраќајот, а се чувствува мирис на изгорен кабел, но нема активен чад. За настанатата состојба известени се СВР Скопје и ЈП Паркови и зеленило“, велат од ЦУК.
Од МВР треба да направат увид на местото на настанот, а екипа од ЈП Паркови и зеленило треба да го отстрани дрвото од коловозот.
фото архива
Слично
