Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПАДНАЛ ОД БАЛКОН НА СЕМЕЈНАТА КУЌА И ПОЧИНАЛ, трагичен крај на животот на повозрасен жител на Мешеишта

ПАДНАЛ ОД БАЛКОН НА СЕМЕЈНАТА КУЌА И ПОЧИНАЛ, трагичен крај на животот на повозрасен жител на Мешеишта

Дедо од Дебарца денеска трагично го загуби животот по пад од балконот на семејната куќа. 

Како што јави СВР Охрид, несреќниот жител на селото Мешеишта, по пад од балкон починал, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

- На 13.09.2022 година во 01.22 часот во СВР Oхрид, пријавено е дека В.Б.(69) од селото Мешеишта, општина Дебарца, паднал од балкон на семејната куќа и починал. Смрт без траги на насилство е констатирана од лекар во Итната медицинска помош Охрид, а увид извршија јавен обвинител и полициски екипи - пишува во соопштението на СВР Охрид.

Слично

Поврзани вести