Економија, финансии, бизнис

Контакт

Паднал од 10 метри во дворот на соседите и починал

Паднал од 10 метри во дворот на соседите и починал

Вчера околу 08.40 часот било пријавено дека на улица „Богдан Прличков“ во Велес, додека Б.Ѓ.(72) ги полевал дрвјата во дворот, се лизнал и паднал од висина од околу 10 метри на задниот дел од куќите на неговите соседи, објави МВР.

Екипа од Итната медицинска помош и полициски службеници го извадиле Б.Ѓ. од непристапниот терен, по што со возилото на Итната медицинска помош бил пренесен во болницата во Велес, каде била констатирана смрт.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на семејството за погреб.


Слично

Поврзани вести