Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Паднаа“ суспензии по бегството на затвореникот Мемети

„Паднаа“ суспензии по бегството на затвореникот Мемети

По филмското бегство на затвореник, изречени се суспензии. 

Суспендирани се командирот и четворицата полицајци кои го спроведувале Беким Мемети, затвореникот кој успеа да го украде пиштолот од полицаецот, да пука во него и да избега од возилото додека го носеле на лекар. 

Одлуката за суспендирањето на затворските полицајци и командирот е донесена по спроведениот вонреден надзор, потврдуваат за МИА од Министерство за правда.

Министерството за внатрешни работи денеска објави меѓународна потерница за Мемети Беким. Тој има „дебело“ досие. 

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев поради овој случај ги искритикува кадрите на власта. 

Слично

Поврзани вести