Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПАДНАА ПРЕСУДИ ЗА ТИТАНИК 2: Мијалков на слобода, Тачи и другите екс членови на ДИК со условни казни

ПАДНАА ПРЕСУДИ ЗА ТИТАНИК 2: Мијалков на слобода, Тачи и другите екс членови на ДИК со условни казни

Апелациониот суд донесе пресуда за случајот „Титаник 2“, откако обвинетите се жалеа на двегодишните затворски казни изреќени од Основниот кривичен суд.

Согласно пресудата, Мијалков е на слобода а Тачи и поранешните членови на Државната изборна комисија со услови казни. 

Според одлуката на Апелациониот суд, целосно се укинува затворската казна и обвинението за екс директорот на УБК Мијалков, бидејќи како што наведуваат од судот, настапила апсолутна застареност на кривичното дело..

„Советот на овој суд не се впушти во оцена на жалбените наводи истакнати во изјавените  жалби  на  обвинетиот Сашо Мијаков од причина што по службена должност, а имајќи ги предвид и наводите истакнати на јавната седница во насока дека е настапена апсолутна застареност на кривичното гонење за кривичното дело“

Примање награда за противзаконитo влијание, откако  ги  разгледа  списите  приложени  кон  предметот, обжалената  пресуда  и  писмениот  предлог  на  ВЈО,  утврди  дека  настапила  апсолутна застареност на кривичното гонење за предметното кривично дело“, се вели во образложението на пресудата од Апелационен суд – Скопје.

Двегодишните затворски казни за останатите обвинети, судот ги замени со условни, па така во следните четири години Мендух Тачи, Сашо Срцев, Бедредин Ибраими, и Влатко Сајковски, ако го повторат делото, повреда на избирачко право, ќе им се активираат затворските казни.

Титаник 2 се судеше вторпат откако Апелациониот суд го врати предметот и побара да се суди од почеток. Тогаш, Кривичен пресуди затворски казни во траење од три до четири и пол години.


Слично

Поврзани вести