Економија, финансии, бизнис

Контакт

Паднаа пресуди за тепањето на Села

Паднаа пресуди за тепањето на Села

На три години затвор е осуден Стојан Павлески, а на една година и два месеци е осуден Цејо Георгиевски, обвинети за насилство врз пратеникот Зијадин Села, што се случи на 27 април 2017 година.

На претходното рочиште обвинетите Павлески и Георгиевски признаа вина, откако претходно обвинителот Дарко Јакимовски за нив го преквалификува кривичното делото од обид за убиство во насилство. За ова кривично дело е запретена казна од најмалку 6 месеци до пет години.

Судијката Славица Андреевска денеска оваа пресуда ја соопшти во Кривичниот суд, образложувајќи дека не е утврдено дека двајцата обвинети извршиле насилство врз Села, но извршиле насилство во законодавниот дом.


Слично

Поврзани вести