Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Паднаа“ меѓународни дилери со 200 килограми марихуана кај Свети Николе

„Паднаа“ меѓународни дилери со 200 килограми марихуана кај Свети Николе

Во координирана акција синоќа, македонската полиција пресече транспорт на околу 200 килограми марихуана во близина на Свети Николе. Дрогата била скриена во возило со швајцарски ознаки, качено на македонски шлеп, а други две возила служеле како „обезбедување“.

Акцијата ја изведоа припадници на БЈБ – МВР, Организиран криминал и САЕ „Тигар“. Според неофицијални информации, станува збор за организирана криминална група активна во Македонија и соседните земји.

Ова е втор спречен канал за трговија со дрога во Македонија овој месец; на почетокот на јануари беа пронајдени 10 кг кокаин во бункер во возило.


Слично

Поврзани вести