Економија, финансии, бизнис

Контакт

Паднаа ли во вода ветувањата за автопатот Миладиновци-Штип

Паднаа ли во вода ветувањата за автопатот Миладиновци-Штип

Возачите нестрпливи иако многумина возат по новиот автопат кој официјално уште не е отворен за возење на социјалните мрежи реагираат со коментари кои преминуваат од иронија до нервоза.

Ветувањата веројатно ќе паднат во вода ако се земе предвид фактот дека и министерот Сугаревски и директорот Китанов најавија дека автопатот ќе се пушти најдоцна до денес, односно до крајот на неделава.

АМСМ и денес со истото соопштение дека автопатот Миладиновци – Штип, секција Миладиновци – Кадрифаково и Кадрифаково – Миладиновци не е пуштен за сообраќај. 

На автопатот, како што се пишува, се вршат проверки од безбедносен карактер. Апелираме до сите возачи да не го користат автопатот-посочуваат од АМСМ.

Министерот за транспорт во понеделникот не сакаше да шпекулира но сепак најави дека автопатот ќе се пушти неделава, но не прецизираше кој ден.

-Не би сакал да шпекулирам кој ден ќе биде пуштен во сообраќај, но до четврток, петок, ќе биде пуштен, рече Сугарески одговарајќи на новинарско прашање на конференцијата „Квалитента арматура-безбедни градби“ што се одржува во хотелот „Хилтон“ во организација на компанијата „Дојран стил“.


Фото: Фактор

Слично

Поврзани вести