Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПАДНАА ЦЕНИТЕ НА КОПАОНИК: Еве колку чини да стасате до скијалиштето

ПАДНАА ЦЕНИТЕ НА КОПАОНИК: Еве колку чини да стасате до скијалиштето

На Копаоник оваа зимска сезона ќе се намалат цените на автобуските билети на линиите што ги поврзуваат популарните локации на ски-центарот.

Во споредба со минатата скијачка сезона на Копаоник, сега се поевтини цените на билетите на автобуската линија Викенд село - центар на Копаоник.

Билет во еден правец чини 300 динари (претходно 400), а повратен билет 600 динари (претходно 700), соопшти Инфокоп.

Поевтин е и тридневен повратен билет и сега чини 1.500 динари (претходно 1.800).

Децата до 7 години сега патуваат бесплатно, додека претходно старосната граница беше до 4 години.

Сепак, она што треба да го знаете е дека бројот на поаѓања сега е намален од седум на четири, додека бројот на враќања е намален од седум на шест.

Цените на ски картите се диференцираат во зависност од периодот на скијачката сезона и категоријата на скијач.

Б92


Слично

Поврзани вести