ПАДНА ВО РАЦЕТЕ НА ПОЛИЦИЈАТА: Фрлил кеса со марихуана од автомобил
Кривична пријава е поднесена против Г.С. (32) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотична дрога, психотропни супстанции, и прекурсори.
На 13 месецов во Прилеп, полицајци го забележале пријавениот како од возило БМВ исфрла кеса со марихуана, по што се обидел да побегне, но е приведен во Полициската станица Прилеп.
Од извршеното вештачење е утврдено дека станува збор за 448 грама марихуана.
Од судија на претходна постапка од Основен суд Прилеп на пријавениот му била одредена мерка притвор во траење од 30 дена.
Слично
