ПАДНА ПРВАТА КАЗНА ЗА ЗЛОУПОТРЕБА НА ВОДАТА: 200 евра и прекршочен налог за жител на Црешево
Откако цела недела жителите на поголемиот дел на Гази Баба се соочуваат со недостиг на вода, односно со часови немање вода, градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски испрати инспекција која ќе го контролира трошењето на вода.
„Секторот за инспекција при Општина Гази Баба продолжува со вонредни инспекциски контроли во населените места Црешево, Булачани, Раштак и Смилковци, со цел да се спречи злоупотребата на водоводниот систем и да се заштитат граѓаните.
Во текот на денешниот ден, инспекциските служби на терен фатија и санкционираа:
Лицето Т.К. од Црешево беше затекнато како полни сопствен бунар со вода од јавниот водоводен систем. На лицето му е издаден прекршочен налог во висина од 200 евра.
Во населеното место Раштак беа откриени два диви приклучоци на системот. Истите веднаш беа санкционирани и исклучени од водоснабдување.
Инспекцијата ќе продолжи со засилени вонредни контроли и во наредните денови.
Како градоначалник, нема да дозволам граѓаните да страдаат поради постапките на поединци! Ќе преземам сè што е во моја надлежност.
Воедно, апелирам и барам ЈП „Водовод и канализација“ и Град Скопје да постапат во рамките на своите надлежности и итно да преземат мерки, со цел жителите на Автокоманда, Ченто, Маџари, Железара и Хиподром да не останат без вода во летните месеци“, напиша тој.
Слично
