Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПАДНА ПРЕСУДА: Седуммина во случајот Диво Насеље осудени на доживотен затвор, четворица ослободени

ПАДНА ПРЕСУДА: Седуммина во случајот Диво Насеље осудени на доживотен затвор, четворица ослободени

Судските одложувања и презакажувања на случајот кој ја потресе јавноста на 9 мај пред две години доби разрешница.

Судот им пресуди на обвинетите во случајот за Диво Насеље.

Имено, казна доживотен затвор добија седуммина, 13 добија по 40 години затвор, шестмина по 20 години, двајца по 14 години затвор. Еден е осуден на 18 години затвор, тројца на 13 и еден на 12 години затвор.

Од вкупниот број на 37 обвинети, 33 се прогласени за виновни додека четворица добија ослободителни пресуди поради тоа штообвинителството не доставило доволно докази.

Обвинетите во овој случај се гонеа за две кривични дела: тероризам и организарање во терористичка група.

Слично

Поврзани вести