ПАДНА ОФИЦИЈАЛНА ОДЛУКА: АА оди во коалиција со опозицијата
Алијанса за Албанците официјално одлучи да се приклучи кон опозицијата – објави партискиот лидер Арбен Таравари на својот фејсбук-профил по синоќешниот состанок во Куманово со членови на Централното собрание на партијата. Таравари ја свика средбата со делегатите на ова партиско тело за да побара поддршка за неговата одлука за заеднички изборен настап на Алијанса со опозициските партии на Албанците.
По средбата, изјава за медиумите даде портпаролот Блерант Рамадани, кој посочи дека на состанокот присуствувале 75 членови на Централното собрание на Алијанса и сите едногласно ја потпишале декларацијата со која му даваат поддршка на партискиот лидер да започне коалиција со опозиционерите од албанскиот блок.
,,Делегатите гласаа за мојот предлог. Ви благодарам од сè срце за довербата! Алијансата за Албанците официјално одлучи да се приклучи на опозицијата! 8 мај е поблиску од кога било! Промената започна!“, објави Таравари на Фејсбук.
