ПАДНА ОДЛУКА: Советот на Град Скопје ги изгласа субвенциите за ЈСП
Советот на Град Скопје ја донесе одлуката за давање субвенции на ЈСП Скопје за 2024 година.
Со 25 гласа „за“ и ниту еден против и воздржан на денешната 14. вонредна седница ја донесе одлуката за давање на субвенции на ЈСП Скопје за 2024 година во висина од 11 милиони евра.
Пред гласањето Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата поднесе амандман со кој се предлагаше наместо 485 милиони денари да се дадат субвенции во висина од 185 милони денари заради подобра контрола на работењето на ЈСП Скопје. За амндамнот се изјаснија 14 советници, тројца беа против, а воздржани немаше поради тоа не беше прифатен.
„Мило ми е што се вративте и се обидувате да ја исправите белјата што ја направивте. Со овој амандман ќе им ги скратите платите на луѓето и за два месеца кога ќе има избори ќе правите нова криза. Со што ќе го контролирате ЈСП со овој амандман. Не ја разбирам потребата да си играте со интелигенцијата на овие луѓе. Да не си играте со нивините судбини пред избори. Не се срамите од ова што го правите. Не можам да разберам што е целта и што е поентата. Скопјани денеска смрзнуваат заради вас. Требаше само да се извините и да ја изгласате одлуката“, рече градоначалничката Данела Арсовска.
Еден од предлагачите на амандманот, советникот Страшо Ангеловски рече дека идејата на амандманот е да им се излезе во пресрет на вработентие во ЈСП како да ја добијат плата за декември и за уште два или три месеци.
