ПАДНА ОДЛУКА: Миле Јанакиески и кои други одат во куќен притвор?
Ненад Јосифовиќ, Кирил Божиновски, Зорица Арсовска и Миле Јанакиевски сите од Скопје одат во куќен притвор.
Ова го одлучи Апелацискиот суд од каде известија дека се донесени одлуки со кои им се укинува мерката притвор на обвинетите. Тоа значи дека екс функционерите одат во куќен притвор.
Според соопштението објавено на сајтот на Апелација на погоре посочените лица им изречена и мерка на претпазливост – привремено одземање на патна и друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање.
Слично
