Економија, финансии, бизнис

Контакт

Падна договорот за Јужен тек, гасот ќе пристигне преку Бугарија или од Србија

Падна договорот за Јужен тек, гасот ќе пристигне преку Бугарија или од Србија
Договорот со руски Газпром е потпишан. Македонија со крак ќе се приклучи кон Јужен тек. Дали гасот ќе дојде од  Србија или Бугарија останува да одлучат Русите. Договорот во Москва денеска го потпишаа вицепремиерот, Зоран Ставрески и рускиот министер за енергетика Александар Новак. Како што најавија владините претставници, вклучувањето на Македонија во Јужен тек е од стратешко значење за земјата со што Македонија станува дел од меѓународните транспортни коридори и се обезбедува зголемена сигурност во сферата на енергетиката за двете земји. Како што истакна премиерот Никола Груевски кој ја предводеше делегацијата во русија, денешниот е само еден од низата договори кои треба да се потпишат за гасификација. „ Ова е исклучително значаен проект за нас затоа што со Јужен тек практично на долг рок се гарантира енергетската стабилност на Република Македонија, се обезбедуваат нови количини на гас, што ќе направат и проектот за внатрешна инфраструктура за пренос на гас во Македонија да добие една поголема смисла“, изјави претходно Груевски. Потпишувањето беше потврдено и од руските претставници. Според планот, откако ќе се потврди исплатливоста на проектот,  руски Газпром и македонската компанија ќе формираат заедничка компанија, со по 50% сопственост, но ќе дозволат вклучување и на други акционери. „Јужен поток“ е од стратешко значење за енергетката безбедност во Европа и според првичните планови треба да биде пуштен во употреба до крајот на 2015 година.  Проектот Јужен поток чини 16 милијарди евра. Гасоводот ќе минува низ Бугарија, Србија, Унгарија, Словенија и Италија, а останатите држави ќе бидат приклучени преку краците. Гасоводот Јужен поток со капацитет од 63 милијарди кубни метри годишно ќе обезбедува греење, топла вода и снабдување со струја за околу 30 милиони домаќинства во Европа.
Слично

Поврзани вести