Економија, финансии, бизнис

Контакт

Преку НЛБ Банка се кредитираат малите и средни претпријатија од линиите на РБСМ

Преку НЛБ Банка се кредитираат малите и средни претпријатија од линиите на РБСМ

Една од големите банки во земјава, НЛБ Банка, согласно правилата за котација на Македонска Берза, ја направи следната објава: 

- Врз основа на Рамковен договор за учество во програмата за кредитирање на мали и средни претпријатија (МСП) средно пазарно капитализирани претпријатија од кредитна линија на ЕИБ 7 реализирана преку РБСМ во износ од 100.000.000 евра, склучен е Нотарски акт - Договор за невладетелски залог врз побарувања од прв ред во својство на извршна исправа помеѓу Развојна Банка на Северна Македонија АД Скопје (како Заложен доверител) и НЛБ Банка АД Скопје (како Заложен должник-должник), заверен кај Нотар Анастасија Петреска со ОДУ бр.1311/25 од 05.09.2025 година во вкупен износ од 448.942,18 евра. 

Врз основа на Рамковен договор за учество во кредитната линија за финансирање на инвестиции и развој на приватни трговски друштва (заведен кај заложниот доверител под деловен број 09-439/1 од 07.02.2025 година и кај заложниот должник/должник под дел.бр.0307-4783-1 од 06.02.2025 година), склучен е Нотарски акт - Договор за невладетелски залог врз побарувања од прв ред во својство на извршна исправа помеѓу Развојна Банка на Северна Македонија АД Скопје (како Заложен доверител) и НЛБ Банка АД Скопје (како Заложен должник-должник), заверен кај Нотар Анастасија Петреска со ОДУ бр.1312/25 од 05.09.2025 година во вкупен износ од 141.824.000 денари - се наведува во објавата на Македонска берза, на која потписник е НЛБ Банка АД Скопје.  

Вообичаена пракса е средствата кои Развојна банка ги добива преку линиите на ЕИБ за поддршка на стопанството или други намени да ги распределува преку домашните комерцијални банки.

Слично

Поврзани вести