Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПАДНА ЦЕНАТА НА МЕРЦЕДЕСОT КОЈ ГО КУПИ ГРУЕВСКИ: Eве колку вреди сега

ПАДНА ЦЕНАТА НА МЕРЦЕДЕСОT КОЈ ГО КУПИ ГРУЕВСКИ:  Eве колку вреди сега

Екстра луксузниот мерцедес кој го нарача екс премиерот, Никола Груевски и официјално сега вреди 234.000 евра. Вештачењето е завршено, а според документите до кои ексклузивно дојде тв 24, проценето е дека возилото Мерцедес бенз С 600 сега изнесува 14 372 208 денари.

Според формулите на проценителот, утврдено е дека неговата вредност сега е 60% помалку од онаа во 2012-та кога бил купен. Со мерцедесот кој пред шест години по желба на екс премиерот Груевски го набави МВР,  досега биле поминати 80 500 километри.  Неговата регистрација има важност до јули, наредната година.  Возилото кое Груевски во бомбите го нарекуваше „тоа на М“ има исправен акумулатор, а гумите, кои се отпорни на куршуми мора да се заменат, стои во извештајот. Освен што е скапо платен,  тешко е и неговото одржување, на пример само еден пар гуми чини 20 000 евра.

Слично

Поврзани вести