Пад на јапонскиот индекс Nikkei 225 за 3,6 отсто на берзата во Токио
Како последица од падот на побарувачката за акциите на извозните компании во врска со растот на јенот, како и корпоративни вести, кон крајот на последното тргување во седмицава што изминува, јапонскиот берзански индекс Nikkei Stock Average 225 падна за 3,06 отсто, покажуваат податоците од берзата во Токио.
Во петокот наутро поширокиот индекс на Токиската берза Nikkei Stock Average 225 го затвори тргувањето со минус од 3,06 отсто, на 14.120,88 поени, a другиот јапонски индекс Topix забележа пад од 2,88 отсто, на 1.167,72 поени.
Корејскиот индекс KOSPI падна за 0,04 отсто, на 1.908,92 поени. Индексот на берзата во Шангај, SSE Composite ослаби за 0,74 отсто, на 2.006,20 поени. Сингапурскиот индекс Straits Times Index, пак, се зголеми за 0,21 отсто, на 3.242,60 поени, пак Хонгконшкиот индекс Hang Seng порасна за 0,05 проценти на 21.910,53 поени, а австралискиот индекс S&P/ASX200 го заврши тргувањето во позитивна територија 0,18 отсто до 5.045,20 индексни поени.
Во петокот, јапонскиот јен продолжи да расте во однос на американскиот долар по консолидацијата на крајот од тргувањето во четвртокот, и запре на околу 98,71 јени за долар од 99,29 јени за долар, на колку што се најде претходниот ден.
Другите берзански индекси во Азиско-пацифичкиот регион, исто така, покажуваат претежно негативни динамика, под влијанието на корпоративни извештаи за кварталните деловни резултати.
Слично
