Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПАД НА ЕВРОПСКАТА ВАЛУТА: Еврото на најниско ниво од 2006

ПАД НА ЕВРОПСКАТА ВАЛУТА: Еврото на најниско ниво од 2006
Еврото рано утринава падна на најниско ниво во споредба со доларот во последниве девет години паралелно со шпекулациите дека Европската централна банка (ЕЦБ) е се поблиску до програмата за голем откуп на државни обврзници, јави њујоршката агенција „Блумберг“. За време на тргувањето во Азија, единствената европска валута паднала за дури 1,2 отсто на 1,1860 долари, што е најниско ниво од март 2006 година, откако претставникот на ЕЦБ, Марио Драги, минатата недела го испрати до сега најјасниот сигнал дека неговата институција ќе отпочне со програма на квантитативно „разлабавување“. Врз падот на вредноста на еврото, како што оценува Блумберг, големо влијание има изборната кампања во Грција, која, според прогнозите на поодделни аналитичари, би можела да заврши со победа на партијата која се противи на мерките за штедење. „Причините за распродажба на еврото очигледно се јасни, а тоа е дека Драги е се поблиску до програмата за квантитативно разлабавување, додека загриженоста околу ситуацијата во Грција бележи се поголем пораст“, изјавил стратегот на австралиската банка „Вестпек бенкинг корп“, Шон Калу. Во минатонеделното интервју за германскиот весник „Хандлесблат“, претседателот на ЕЦБ, Марио Драги, порача дека законодавците се подготвени да делуваат со што би се ставиле во клинч со дефлацијата.  
Слично

Поврзани вести