Пад на добивката на Raiffeisen Bank International
Raiffeisen Bank International (RBI) во првото полугодие оствари консолидирана добивка од 277 милиони евра, што е 60,5 посто помалку во однос на истиот период лани, објави денеска австриската банка.
Нето приходите од каматите пораснале во првите шест месеци од годинава за 4,2 посто, на 1,836 милијарди евра, така што нето каматната маржа е зголемена за 42 базни поени на годишно ниво и достигнала 3,06 посто. Исто така, нето добивката од провизијата пораснала за 9 отсто, на 785 милиони евра.
Оперативната добивка на RBI во тој период пораснала за 2,7 посто на 2,686 милијарди евра. Добивката пред оданочување била 49,6 посто пониска, што е последица на еднократен ефект, односно еднократниот приход во првата половина на минатата година и истиот изнесувал 467 милиони евра.
Во банката и понатаму проценуваат дека оваа година ќе мора да издвојат резервација во сличен износ како и во 2012 година. Но, сега, истакнуваат и дека заемите на клиентите стагнираат, а не растат. Оваа година очекуваат и благ пораст на нето каматната маржа.
Слично
