Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПАЦИЕНТОТ Е ДОМА: Само седум дена по операцијата во која доби ново срце, тој се чувствува добро

ПАЦИЕНТОТ Е ДОМА: Само седум дена по операцијата во која доби ново срце, тој се чувствува добро

Пациентот на кој минатата среда му беше трансплантирано срце од денес е пуштен на домашно лекување, информира министерот за здравство Венко Филипче преку својот фејсбук профил.  

„Само седум дена по операцијата тој се чувствува одлично. Уште еднаш изразувам голема благодарност до семејството кое прифати да се донираат органите од нивниот близок“, пишува министерот.

Ова е петто трансплантирано срце за година и половина и четврто од почетокот на годината. За истиот период се трансплантирани 15 бубрези, а направена е и првата експлантација и трансплантација на коскени ткива.

Слично

Поврзани вести