Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПАЦИЕНТКА ЗА ОНКОЛОГИЈА: Доста крадете, за каде ви се парите?

ПАЦИЕНТКА ЗА ОНКОЛОГИЈА: Доста крадете, за каде ви се парите?

Еден ден поминат на Онкологија во Скопје открива повеќе од тешкотиите на самата болест.  Вања од Струмица го сподели своето искуство, опишувајќи како изгледа еден нејзин ден кога доаѓа на терапија во Скопје. 

„Станувам во 5 часот наутро, го будам моето седумгодишно дете за училиште и му велам да продолжи да спие бидејќи е уште темно. Ми поставува прашање: 'Мамо, зошто одиш на болница во темно?' Одговарам дека одам рано за да завршам порано и да се вратам дома, но реалноста е поинаква," раскажува таа.

Патувањето од Струмица до Скопје за терапија е само почеток на предизвикот. Пристигнувањето рано не значи и побрзо завршување, бидејќи пред секоја врата чекаат пациенти од цела Македонија. Онкологија е единствената клиника во земјава што ги опслужува овие пациенти, што создава огромен притисок врз медицинскиот персонал и ограничените капацитети.


Слично

Поврзани вести