Пациентите на Клиниката за психијатрија ќе имаат подобри услови за престој
Министерот за здравство, Венко Филипче денска објави дека во Клиниката за психијатрија е направено реновирање, со цел подобри услови за пациентите.

Исклучително е важно пациентите во Клиниката за психијатрија да имаат добри услови за престој, со оглед на тоа што дел од нив престојуваат и подолг временски период во клиниката. За првпат од отварањето на Клиниката за психијатрија во 1993 година, по 27 години, старите рѓосани кревети се заменети со 45 нови со удобни душеци. А за да можат пациентите да го поминат време и надвор на свеж воздух, на неколку локации околу Клиниката се поставени и нови клупи. Вложуваме во унапредување на условите во здравствените установи за подобри здравствени услуги за пациентите и подобри услови за работа за здравствените работници, напиша министерот Филипче.

