ПАЦИЕНТИТЕ МОЛЕА ЗА БОЛНИЧКИ КРЕВЕТ: Сега во ГОБ „8 Септември“ има 22, а на Инфективната клиника 35 хоспитализирани поради ковид компликации
Министерството за
здравство информира дека во ковид центрите во Скопје за 24 часа се
хоспитализирани само 4
пациенти, а вкупно се лекуваaт 65 болни сомнителни и потврдени за Ковид 19
-Во последното деноноќие, на Институтот за ТБЦ имало еден прием. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември немало примени пациенти, 4 биле примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден. Во ковид центарот на Институтот за ТБЦ се лекуваат 8 пациенти. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 22 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 35 пациенти, соопшти МЗ.
Бројот на приеми во изминативе денови, како што велат од министерството, се намалува и утрово до 8 часот имало 80 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.
