Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПАЦИЕНТИТЕ И ДВАЈЦА ЧЛЕНОВИ НА СЕМЕЈСТВОТО НЕ ПЛАЌААТ ЗА ПРЕСТОЈОТ ВО СТРАНСТВО: Таравари со детали и за најновата состојба на повредените

ПАЦИЕНТИТЕ И ДВАЈЦА ЧЛЕНОВИ НА СЕМЕЈСТВОТО НЕ ПЛАЌААТ ЗА ПРЕСТОЈОТ ВО СТРАНСТВО: Таравари со детали и за најновата состојба на повредените

Добри вести има од странските болници каде се лекуваат нашите пациенти, рече министерот за здравство, Арбен Таравари на денешната прес конференција.

-Критичните пациенти иако се се уште во тешка состојба, тие се подобри во однос на вчерашниот ден. Оптимисти сме, тие ќе се подобруваа, такви ми се информациите. Одредени лабораториски параметри покажуваат дека денеска има подобрување. Сепак, секогаш мораме да бидеме претпазливи. Кога ќе бидат подобри, ќе бидат екстубирани, но секако, ќе ве известиме, истакна министерот.

Освен тоа, Таравари рече дека утре се враќаат двајца пациенти, едниот од Шведска, другиот од Литванија.

По пишувањата на социјалните мрежи дека татко чие дете се лекува во Турција си го распродава имотот за да може да биде со своето дете таму, министерот децидно повтори дека Владата ги покрива сите трошоци за повредените во пожарот во Кочани, вклучително и трошоците за двајца членови на семејството на секој пациент кој е на лекување во странство, пишува Алсат.

„За сите пациенти, лекувањето е бесплатно, нула денари. За сите пациенти обезбедени се авионски билети за двајца членови на семејството, или ако патувале со автобус или нешто друго, обезбеден е превоз, плус сместување за двајца членови на семејството на секој пациент, за сите кои се здобиле со повреди при пожарот во кочанската дискотека“, рече Таравари.


Слично

Поврзани вести