Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пациент во земјава по 4-ти пат се инфицирал со коронавирусот

Пациент во земјава по 4-ти пат се инфицирал со коронавирусот

Во Македонија пациент кој не примил ниту една доза вакцина „фатил“ корона и по четврти пат. 

Во Македонија само еден пациент, кој не примил ниту една доза вакцина, се заразил со коронавирусот по четврти пат, потврдуваат за Канал 5 од Институтот за јавно здравје.

Оттаму велат дека во системот се евидентирани вкупно 17.540 лица кои се инфицирале повеќе од еднаш, што значи дека 5  отсто од вкупниот број на потврдени случаи се реинфекции. Најголем број од нив се заразиле два пати, ама има 102 – ца што три пати „фатиле“ корона.

За 3 дена направени се 2.095 тестови, а регистрирани се 889 нови случаи на КОВИД-19.

foto freepik.com/nyuraus

Слично

Поврзани вести