Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПАЦИЕНТ СО ЦИСТИЧНА ФИБРОЗА ОБВИНУВА ЗА УЦЕНА, ДОКТОРКАТА ВОЗВРАЌА: Ова е благодарност што го примив!

ПАЦИЕНТ СО ЦИСТИЧНА ФИБРОЗА ОБВИНУВА ЗА УЦЕНА, ДОКТОРКАТА ВОЗВРАЌА: Ова е благодарност што го примив!

Триесет и две годишното момче Игор Пехчевски, кој боледува од цистична фиброза и е еден од најгласните пациенти кои бараат лек Трикафта за сите кои имаат потреба од него, на својот Фејсбук профил обвини дека добил уцена, дека, доколку новинарски екпи повторно дојдат во неговата соба во болница, немало да има повеќе место за него.

„Д-р Стојка Фуштиќ со дрзок тон и завчера и вчера дојде 2-3 пати во болничката соба и ми кажа доколку пак дојдат новинарски екипи за викендот да давам изјави за лекот Трикафта, дека за мене повеќе немало да има место во оваа болница за Цистична фиброза за лекување.

Докторке оваа болница не лично Ваша за да може така дрско да се однесувате со пациентите и да давате изјави дека пациентот ќе си оди на 15.04.2023г.

А имам документ со отпусна листа која е со датум 18.04.2023год.

Како ќе ме погледнете во очи мене и другите пациенти за ова што ми го правите пред цела Македонска јавност.

Дно дна„, напиша тој.


Докторката Фуштиќ пак, вели дека во нејзините 30 години кариера, досега не се соочила со вакво нешто. 

Слично

Поврзани вести