Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пациент почина од грип на Пулмологија

Пациент почина од грип на Пулмологија

Институтот за јавно здравје информираат дека уште едно лице починало од грип и дека се работи за пациент на возраст од 78 години.

„Се работи за лице на возраст од 78 години од Скопје, кое било хоспитализирано во УК за пулмоалергологија. Кај починатото лице е утврдено присуство на коморбидитети и не било вакцинирано со вакцина против сезонски грип. Кај починатото лице, лабораториски е потврдена Influenza А(H3)“, велат од ИЈЗ.

Од 17 до 23 февруари, пријавени се вкупно 3.035 случаи на заболени од грип, што е за 11,3 отсто повеќе во споредба со минатата недела.

Од заболените, 1.697 се на возраст од 15 до 64 години. Деца до 4 години се 375, додека пак деца до 14 години се околу 712.

Од ИЈЗ нагласуваат дека вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна заштита од ова заболување. Заклучно со осма недела, во Република Северна Македонија вакцинирани се вкупно 72.293 лица со бесплатна или комерцијална вакцина против грип.


Слично

Поврзани вести