Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пациент од Клинички нападнал цимер и болничар, па скокнал од втор кат

Пациент од Клинички нападнал цимер и болничар, па скокнал од втор кат

Пациент нападнал цимер од своето одделение, а потоа и болничар, на Клиника за неврохирургија во  рамки на клиничкиот центар „Мајка Тереза“, а потоа скокнал од вториот кат, потврди МВР.

– Пријавено е дека Б.З. (62) од Свети Николе кој бил пациент во болницата со тврди предмети кои ги нашол во собата фрлал кон пациентот С.В. (66) од с.Колари, кичевско.

 
Потоа болничарот Н.Б. (23) влегол во собата со цел да ја смири ситуацијата, но Б.З. и кон него почнал да фрла со предмети по што го отворил прозорецот и скокнал од вториот кат, информира МВР.


Слично

Поврзани вести